Балотели се врати дома, фановите збудалеа – Слободен печат
СпортФудбал

Балотели се врати дома, фановите збудалеа

Марио Балотели денеска е промовиран во нов фудбалер на Бреша.

Марио Балотели денеска и официјално стана нов фудбалер на Бреша, а најсреќна за трансферот беше неговата мајка. Балотели е роден во Палермо, но на двегодишна возраст се пресели во Бреша. Семејството кое го посвои сè уште живее во Бреша иако неговиот татко неодамна почина.

– Мајка ми плачеше кога и кажав дек апостои можност да дојдам во Бреша. Ја прашав што мисли за тоа, а таа само плачеше од среќа. Мојот татко е од Бреша, неговиот сон беше да ме види во овој дрес – изјави Балотели на официјалната промоција.

Италијанскиот репрезентативец во Бреша пристигна како слободен играч откако му исече договорот со Олимпик Марсеј.
– Не се плашам од неуспех. Сакам да ги подржам соиграчите, како што сакам и тие мене да ми дадат поддршка. Целта ми е да му помогнам на тимот да расте – додаде Балотели.

Доаѓањето на Балотели во родниот град ги израдува навивачите кои едноставно полудеа. Тие се собраа во огромен број пред хотелот во кој е сместен со цел да го прослават неговото доаѓање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close