Балотели: Поразумно ќе беше да го облечам дресот на Јувентус

– Јас го следев срцето и го одбрав Милан. Адријано Галијани ме сакаше таму – вели италијанскиот напаѓач.

Марио Балотели призна дека во 2013 година бил близу трансфер во Јувентус. Тогаш го напушти Манчестер Сити, но рече дека го слушал неговото срце, а не неговиот ум.

Тоа ќе беше разумна работа, но јас го следев срцето и го одбрав Милан. Адријано Галијани ме сакаше таму.

По Сити, се упатив кон Јувентус, но потоа тој интервенираше. Во моментот кога слушнав дека Милан е заинтересиран за мене ништо друго не беше важно – рече Италијанецот.

Италијанскиот напаѓач, исто така, ги сподели своите впечатоци од престојот во Интер и неговата работа со Жозе Мурињо.

Да бидам искрен, го сакам Интер. Со Мурињо се разбиравме. Имавме неколку разговори, но секогаш се однесувавме кон едни со други со почит. Се сеќавам кога ја освоивме Лигата на шампионите. тој се качи во автобусот и јас скоро заспав на задните седишта, но тој ги прегрнуваше сите и плачеше, сите плачеа – додаде Балотели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот