Балотели: Ќерка ми ќе ги предводи навивачите на Наполи

twitter/Goal

Јас и пеам „Бреша, Бреша“, но таа и понатаму навива за Наполи. Беше пресреќна кога ја однесов на „Сан Паоло“, признава Марио Балотели.

Фудбалерот на Бреша, Марио Балотели, времето во карантин го поминува најчесто дружејќи се со своите фанови на социјалните мрежи. Тој секојдневно во живо разговара со фановите и со  поранешните и актуелни фудбалери.

Едно од најинтригантните прашања му беше поставено од Фабио Канаваро, а се однесуваше за  евентуален трансфер во Наполи.

Балотели моменто игра во клубот во неговиот роден град, но минатото лето се поврзуваше со трансфер во Наполи и тој сега открива дека и такво сценарио не би му пречело доколку се случи во наредниот преоден рок.

Сакав да се преселам во Наполи, сигурно е дека одлично би си поминал таму. Ќерка ми ќе биде водач на ултрасите, таа е голем навивач на Наполи – му рече Балотели на својот поранешен соиграч од репрезентацијата, Фабио Канаваро.

На ќерка и пејам „Бреша, Бреша“, но таа и понатаму навива за Наполи. Беше пресреќна кога ја однесов на „Сан Паоло“, беше хипнотизирана. Секогаш е убаво чувството кога ќе присуствувате на тој стадион, иако според мене најубав стадион е тој во Милано – признава Балотели.

Оваа сезона која е прекината поради коронавирусот, Балотели настапи на 19 натпревари за Бреша и постигна пет голови. а репрезентацијата на Италија има 36 настапи но последниот му беше пред две години. Иако не настапува за репрезентацијата, тој го почитува селекторот Роберто Манчини.

Имам специјален однос со него. Среќен сум кога селекторот не ме вика во репрезентацијата бидејќи чувствува дека нема да играм, туку ќе седам на клупата. Сосема е во ред да се повикуваат играчите кои највеќе заслужиле да играат. Кога ќе дојде денот и јас да заслужам да играм, ќе бидам подготвен – зборува Балотели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот