Балотели им одговори на расистите: Разбудете се

EPA-EFE/SIMONE VENEZIA

Балотели во момент на гнев по нападите од навивачите на Верона, ја шутна топката кон нивната трибина,а соиграчите едвај го убедија да не оди во соблекувалната и да продолжи да игра.

Водачот на навивачите на Верона, Лука Кастелини на Твитер напиша дека Балотели е Италијанец само на хартија.

„Балотели можеби е Италијанец на хартија, но никогаш нема да биде вистински Италијанец“, напиша Кастелини.

Сега фудбалерот му одговори на водачот на навивачите на Верона.
„Пријатели слушајте, тука повеќе не станува збор за фудбалот. Се занимавате со ситуации кои се многу поголеми од вас, луѓе со затворени умови. Го губите чекорот со реалноста, разбудете се. Кога Марио дава голови за Италија и гарантира дека ќе игра и ќе продолжи да дава голови, тогаш се е во ред?“, напиша Балотели на својот Инстаграм-профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот