Балотели го понижи Кристијано Роналдо

фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Фудбалерот на Олимпик Марсеј, Марио Балотели на оригинален начин се вклучи во полемиките кој е најдобар фудбалер на денешницата, Лионел Меси или Кристијано Роналдо.
Балотели е воодушевен од играта на Меси против Ливерпул на кого му даде два гола. Вториот гол кој го постигна од слободен удар беше 600. гол кој Аргентинецот го даде во дресот на Барселона.

„За доброто на фудбалот, немојте повеќе да го споредувате Меси со фудбалерот кој ја носи „седумката“ во Јувентус“, напиша Балотели на својот профил на Инстаграм.

Лионел Меси сезонава одигра 46 натпревари за Барселона и постигна дури 48 голови, додека Кристијано Роналдо само 27 пати ги тресел противничкити мрежи.
Барселона во првиот полуфинален дуел, вчера со убедливи 3:0 го совлада Ливерпул и се наоѓа пред пласман во финалето на Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот