Балотели го избра новиот тим, се враќа во Италија

фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Марио Балотели конечно донесе одлука каде ќе ја продолжи кариерата. Тој на крајот бираше помеѓу два клуба, бразилскиот великан Фламенго и повратникот во Серија А, екипата на Бреша.

По неколкудневно размислување, Балотели одлучи да се врати во Серија А и да потпише договор со Бреша. Договорот се очекува да биде потпишан во најскоро време откако и двете страни успеаја да ги договорат финансиските детали.

Напаѓачот се очекува во Бреша да има плата од два милиони евра, а ветен му е уште еден милион преку бонуси за постигнати голови, одиграни натпревари и опстанок на Бреша во Серија А. Се очекува Балотели да потпише тригодишен договор.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот