Балкон во полн цут

Сите што живеат во градовите знаат колку е скапоцено дa имате балкон или тераса. Со малку фантазија и труд лесно тие можат да се претворат во надворешен простор кој во топлите месеци овозможува еднакво квалитетен престој како и во внатрешноста на станот. Еве неколку совети како од вашиот балкон да направите мала оаза за уживање во пролетните и во летните месеци.

Никогаш не можете да претерате со цвеќиња – колку што ги има повеќе толку е побујно и пораскошно. Слободно играјте со боите на цвеќето, тие ќе донесат весел и раскошен впечаток на вашиот балкон.

Ако балконот ви е премногу изложен на сонце (на јужната или на западната страна) засенете го со природни материјали – бамбус, памучни ткаенини…

Мебелот за подолго седење на балконот нека биде пријатен и по можност од природен материјал бидејќи во спротовно пластичниот мебел во текот на топлите денови ќе се загрева и ќе биде непријатен за седење.

Според положбата на вашиот дом, се препорачуваат следниве видови свеќе.
За балконите на северозападната, северната и североисточната страна: бегонија, фуксија, хортензија, ползавец, бршлен.

За балконите на јужната, југозападната и југоисточната страна:
бегонија, петунија, кадифка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот