Балканско одбојкарско првенство: Кадетите загубија од Молдавија

Кадетите во Нови Сад освоија само еден сет против Молдавија/Фото: facebook.com/volleyballmkd

Македонската машка кадетска репрезентација беше поразена од Молдавија со 3:1 (23:25, 25:21, 25:17, 25:18) во првиот натпревар на Балканското првенство во Нови Сад. Главна карактеристика на нашата игра беше непостојаниот прием поради што немавме можност да организираме чисти акции.

А лошо напаѓавме и на добар прием, па противникот знаеше како да го искористи тоа, се врати од негатива, беше подобар, имаше повеќе офанзивни решенија и оствари значајна победа, најверојатно за влез во полуфинале без оглед што македонските одбојкари го освоија првиот сет.

Македонија в четврток ќе игра со Бугарија, која е прв фаворит во групата, а во вторникот убедливо ја совлада Молдавија.

Постои теорија за поинаков епилог, но за да се влезе во борбата за медали наместо во трката за пласман од петтото до седмото место во конечното рангирање, избраниците на селекторот Ванче Санев треба да слават над Бугарите со три освоени бода, а потоа да се гледа сет, или, пак, и поен-количникот.

Во другата група на Балканијадата се домаќинот Србија, Романија, Турција и Босна и Херцеговина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот