БАЛКАНСКИ ПРОБЛЕМИ: Србија месечно ја напуштаат повеќе од 4.000 млади луѓе

Фото: Профимедиа

Податоците на Европскиот завод за статистика покажуваат дека повеќе од 4.000 луѓе ја напуштаат Србија секој месец, а 51.000 годишно, претежно млади, што е приближно една цела општина во Србија, се вели во заедничката изјава на четири невладини организации по повод Денот на човековите права – 10 декември.

Во заедничката изјава на тимот на ОН, Канцеларијата на Советот на Европа, Мисијата на ОБСЕ и Делегацијата на Европската унија во Србија се вели дека невработеноста, ризикот од сиромаштија, ситуацијата на маргинализираните младински групи и нивното ментално здравје се некои од главните проблеми со кои се соочуваат младите во Србија.

„На денот на човековите права, оваа година посветуваме посебно внимание на младите луѓе кои се соочуваат со многу предизвици во многу делови на светот, вклучително и во Србија. Невработеноста, ризикот од сиромаштија, позицијата на маргинализираните младински групи и состојбата на нивното ментално здравје се некои од основните проблеми со кои се соочуваат младите во Србија”, се вели во соопштението.

Невработеноста кај младите останува голема и нивниот недостиг на пазарот на трудот не напредува и покрај постоење Национална стратегија за млади и мерките предвидени за оваа намена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот