БАЛКАНСКИ ПРОБЛЕМИ: Босна и Херцеговина мора да увезува трговци, ѕидари и заварувачи

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Веќе подолг период, Босна и Херцеговина бележи пад на бројката на работната сила. Дека БиХ останува без кадар, покажува и податокот дека заварувачите и ѕидарите веќе одамна се најбарани, бидејќи тие својата работа и труд одлучија да ја понудат надвор од земјата, најмногу во Словенија, објави српски „Блиц“.

Затоа работодавците се принудени да бараат нова работна сила меѓу странците.

Како што потврдија од Заводот за вработување на Федерацијата, Република Српска и дистриктот Брчко, во првите девет месеци дозволи за работи добиле 2.413 странци. Некои одбија дозвола, додека некои ги обновиле постоечките.

– Најмногу дозволи се издадени во преработувачката индустрија, образованието, трговијата, хотелиерството, угостителството и туризмот – потврди Харис Чуљевиќ од Федералниот завод.

Во Република Српска најбарана професија е во уметноста, забавата и рекреацијата, односно работа на промоции, во продавници, информации и комуникации.

Интересно е да се напомене дека во Република Српска се издадени 437 нови работни дозволи, а Советот на министри даде на располагање само 200, па според „Блиц“, логично е да се постави прашањето колку странци навистина нашле работа во БиХ.

Алармантен е податокот дека од почетокот на 2015 година, па се до деветиот месец оваа година, за странци се издадени повеќе од 9000 дозволи за работа во БиХ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот