Балкански претприемачки самит во Скопје

Балкански претприемачки самит во организација на Стопанската комора на Македонија и Центарот за неформално образование „Creative Hub”, кој годинава се најде на листата на „Форбс”, денеска ќе се одржи во Скопје.

На претприемачкиот самит, настан кој на едно место обединува голем број успешни претприемачи кои во својство на панелисти ќе ги претстават своите идеи пред присутните учесници ќе се обратат говорници од Франција, Грција, Индија, Бугарија, Турција, Албанија и од земјава.

Самитот ќе го отвори Аријана Коскарова, добитничка на признанието „Форбс 30 под 30″ и основач и извршен директор на „Creative Hub”, а најавено е и обраќање и на премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, претседателот на Стопанската комора на Мaкедонија Бранко Азески и на швајцарската амбасадорка Сибил Сутер Техада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот