БАЛКАНСКА СОЛИДАРНОСТ: Во Белград осамна порака за поддршка на загрепчани (ФОТО)

По силниот земјотрес во Загреб, глумицата Јелена Вељача сподели фотографија со порака за поддршка на хрватската метропола од Белград.

Во близина на белградскиот Дом на малади некој едноставно напишал „Загреб“ и додал срце.

– Луѓе, многу ни е тешко, особено во епицентарот Чучерје, но и нас во центарот, земјотресот ги покоси старите градби. Се уште сите многу се плашиме. Следува период во кој ќе дознаеме колку ова не уназади во борбата против короната. Благодарение што мислите на нас – напиша глумицата заедно со фотографијата.

Јелена не криеше дека потресот многу ја вознемирил, па вчеравечер сподели фотографија од својот кревет и покажа дека спие со кацига на главата. „Добра ноќ, Загреб. Или не“, напиша таа.

View this post on Instagram

laku noć zagrebe. not.

A post shared by Jelena Veljača (@jelka12) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот