Бојан Маровиќ: Секој момент со Тоше вечно ќе го памтам
„Не можам да ви објаснам колку емоции секогаш проработуваат во мене кога ги пејам неговите песни. Се сеќавам на секој концерт, имав среќа да му бидам чест гостин на концертите ширум регионот. Едно знам, ѝ недостасува на музиката, им недостасува на фановите, на колегите, на пријателите… и секогаш ќе биде така. Затоа секој момент поминат со него вечно ќе го паметам“, напиша Бојан Маровиќ.
„Секоја година ни доаѓа тој ден, тоа утро како нешто што не сакаме да го дознаеме, да го слушнеме ни да го насетиме, но сепак немилосрдно доаѓа и нè потсетува колку сме кревки и како никогаш не знаеме што ни носи следниот ден. Многу е тешко еве веќе дванаесетта година да прифатам дека те нема тука… Благодарение на тебе, на твоето однесување, скромноста, делата, сигурен сум дека ангелите се тука со нас и во човечки облик. Мил Тоше, те сакаме до последниот здив.“, напиша Тони Цетински на Инстаграм.
„Постојат луѓе кои и кога ќе заминат остануваат длабоко во нас. Тоше е еден од ретките за кои ми се чини дека остана не само во нас кои го познававме, туку и во оние кои го знаеја само по неговата работа. Токму ним им порачувам – не згрешивте, навистина беше посебен. Еден единствен!“, порача Мирослав Рус, авторот на песната „Игри без граници“.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Се одбројуваат деновите кога мостот „Беласица“ целосно ќе се пушти во сообраќај, односно после речиси една година по него ќе се вози по сите четири ленти. Така барем велат информациите кои стигнуваат и од Град Скопје и од Институтот за сеизмички отворени градби и климатски промени, откако по втор пат беше извршено тестирање на мостот, …
На Светскиот ден на книгата, 23 април, „Слободен печат“ ви предлага еден нов наслов, книгата „Бахус“ од авторот Сашо Кузмановски, спортски новинар и писател. Станува збор за вториот дел од трилогијата којашто ја замислил Кузмановски. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Во „Бахус“ дејствието е испреплетено во две временски рамки едната во древното минато …