БАЛКАНОТ НЕМА ДА ГО ЗАБОРАВИ: Почина легендарниот пејач на народна музика Ѓорѓи Желчески

Почина македонскиот печај кој зад себе остави бројни хитови, пренесува Еспресо.рс.

Ѓорѓи Желчески, честопати е нарекуван „амбасадор на македонските песни“.

Прилепскиот пејач нè напушти на 82-годишна возраст. Ѓорѓи Желчески е роден во Прилеп во 1938 година. Желчески беше оженет со пејачката Кевсер Селимова со која живееше во Белград, а летните месеци ги минуваа во нивнот апартман на полуостровот Истра, во Хрватска.

Селимова и Желчески имаат едно дете – ќерката Ана, родена во 1980 година, во Белград, од која го имаат внукот Ерол, роден во 2012 година.

Дуетот Селимова-Желчески е најпознат по нивната изведба на народните песни: „Елено, ќерко”, „Бело лице љубам јас”, „Врати ми се, љуби ме”, „Брала мома капини” итн. На 15 ноември 2013 година, Селимова и Желчески одржале концерт во Домот на АРМ, во Скопје, со кој го одбележале јубилејот-пет децении творештво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот