БАЛКАНЕЦ го скратил работното време на вработените и профитирал

Сопственикот на авто сервисот „Баграмели“ одлучил пред една година да ја укине работната сабота. На тој потег се одлучил заради нарушеното сопствено здравје како и на работниците како и желбата повеќе време да минуваат со семејствата.

Работната недела ја скратил на пет дена иако бил убеден дека работата ќе опадне. Како што вели никакви пари не се вредни како здравјето.

Но како што вели Елвир Баграмели наместо пад на прометот се случил раст, муштериите се прилагодиле, а работа има повеќе од било кога.

„Пред отприлика една година одлучив да ја укинам работната сабота, не одеше повеќе, притисокот од работата беше голем, а неделата брзо ќе поминеше и ајде повторно. Ми се наруши здравјето и физичко и психичко како кај мене така и кај работниците. Во почетокот ми беше страв дали работата ќе опадне, во сабота доаѓаа доста муштерии кои не можеа преку работните денови, но одлучив па што биде нека биде.
Го продолживме работното време во работните денови до 17 часот за да ги компензираме изгубените часови. А наместо пад се случи раст и тоа значаен. Им благодарам на сите муштерии што се прилагодија на нас и ни ја дадоа поддршката почитувајќи го новото работно време. Ги повикувам и останатите колеги приватници да се одлучат на ист чекор. Многу е полесно кога човек ќе го пушти мозокот на пасење два дена по ред, останува повеќе време за семејството кое и онака најмногу трпи за нашите изостаноци. Минува животот во трката за пари и на крај во старост ќе ги потрошиме на крпење на нарушеното здравје, ако се дочека старост… Не е вредно верувајте“, напиша на својот Фејсбук профил овој приватник од БИХ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот