Балканците доминираат во НБА: Дончиќ најдобар плејмејкер, Јокиќ најдобар центар

Познатиот американски спортски сајт Бличер рипорт, ги рангираше најдобрите 15 кошаркари на сите позиции во оваа сезона.

Четиримесечната пауза поради пандемијата, но и стартот на подготовките на продолжението од сезоната, Бличер рипорт ги искористи за да направи анализа на досега покажаното од сите кошаркари и ги одбра 15 најдобри играчи по секоја позиција.

Според новинарите Енди Бејли и Ден Фавејл, најдобар центар оваа сезона е играчот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ кој се најде пред Џоел Ембид и Карл Ентони Таунс.

„Тоа што ќе го прочитате можеби звучи како хипербола, но ве уверувам, Никола Јокиќ е на пат да биде еден од најдобрите центри во историјата на НБА. Помеѓу играчите кои во кариерата одиграле најмалку 5.000 минути, Јокиќ се наоѓа на шестото место во напредната статистика, а пред него се само Мајкл Џордан, Леброн Џејмс, Крис Пол, Меџик Џонсон и Дејвид Робинсон“, пишува Бличер рипорт.

Прочитајте и...  Синот на Сетиен ги праша кравите дали Барса ќе ја освои ЛШ (ВИДЕО)

Лука Дончиќ имаше неверојатни игри до прекинот на сезоната и се наоѓа во потесниот избор за МВП наградата и сосема заслужено е најдобар плејмејкер според американскиот спортски сајт.
„Изборот на Дончиќ во најдобрите пет играчи во НБА лигата не е без причина. Лука има премногу офанзивни оружја од кои стравуваат противниците. Одбраната мора постојано да внимава на него,, не смее да му дозволи да добие поголем простор бидејќи тоа ќе биде казнето“, пишува Бличер рипорт.

Најдобри кошаркари по позиции
Плејмејкери:
1. Лука Дончиќ – Далас
2. Демиен Лилард – Портланд
3. Крис Пол – Оклахома сити
4. Бен Симонс – Филаделфија
5. Кајри Ирвинг – Њу Џерси

Бекови:
1. Џејмс Харден – Хјустон
2. Пол Џорџ – ЛА Клиперс
3. Бредли Бил – Вашингтон
4. Џру Холидеј – Њу Орлеанс
5. Девин Букер – Феникс

Прочитајте и...  Ибрахимовиќ ужива на одмор и ја исмева Англија! (ВИДЕО)

Крила:
1. Леброн Џејмс – ЛА Лејкерс
2. Каваи Ленард – ЛА Клиперс
3. Џими Батлер – Мајами
4. Крис Мидлтон – Милволки
5. Џејсон Тејтум – Бостон

Крилни центри:
1. Јанис Адетокумпо – Милвоки
2. Ентони Дејвис – ЛА Лејкерс
3. Паскал Сиакам – Торонто
4. Зајон Вилијамсон – Њу Орлеанс
5. Домантас Сабонис – Индијана

Центри:
1. Никола Јокиќ – Денвер
2. Џоел Ембид – Филаделфија
3. Карл Ентони-Таунс – Минесота
4. Руди Гобер – Јута
5. Бен Адебајо – Мајами

Прочитај повеќе

Шахтјор моќно до Интер, Севиља за финале против Јунајтед! (ВИДЕО)

Слободен печат

Мурињо го ангажираше првото летно засилување (ФОТО)

Слободен печат

Нашите ракометарки ќе го бркаат мундијалскиот бараж во Грција

Слободен печат

УЕФА одложи натпревар од ЛШ поради Ковид-19

Слободен печат

Најдовски си заминува од Вардар, доаѓаат Петровиќ и Игески!

Слободен печат

Харгривс: Од Дортмунд блефираат, Санчо ќе игра за Јунајтед!

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Ракометарите на Металург со негативни тестови на коронавирус

Слободен печат

Ибрахимовиќ ужива на одмор и ја исмева Англија! (ВИДЕО)

Слободен печат

ЛШ, Матеус: Левандовски е подобар и од Меси!

Слободен печат

Од ФФМ разочарани поради односот на одговорните лица во Општина Прилеп

Слободен печат

„Дрим-тимот“ на ФИБА Евробаскет во последните две децении

Слободен печат

ЛШ, Тухел: Одбраната ќе биде многу важна против Аталанта!

Слободен печат