Балетскиот педагог Искра Шукарова како кореограф и предавач гостува во Рига

Македонската балерина и балетски педагог Искра Шукарова како кореограф и предавач гостува на интернационалниот фестивал за современ танц „Laiks dejot 2021“ во Рига, Латвија, кој се одржува од 18 до 24 август во „Eduarda Smilga Theatre“.

На фестивалот Шукарова премиерно го презентираше своето ново дело „Децентрализирана циркулација“. Делото ги истражува изведувачките модалитети на глас и движење, тема што последниве години ја инспирира Шукарова како автор.

Во текот на својот престој во Рига, од 21 до 23 август, Шукарова одржува и мастер клас наменет за студенти и професионалци во полето на современиот танц во Латвија.

Организатор и уметнички директор на фестивалот е Олга Житлухина, која е една од основачите на Латвиската современа танцова сцена.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 94, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 21-22 август 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот