БАКУ, ДОАЃАМЕ: Илиев со Арсенал по титула во Лига Европа!

Фото:facebook.com/ilievdejan1

В среда на 29 мај на Олимпискиот стадион во Баку ќе се води борба за титулата во Лига Европа меѓу премиерлигашките екипи на Арсенал и Челзи.

Од една страна Челзи веќе има обезбедено настап во Лигата на шампионите, така што овој дуел има поголема важност за „топчиите“ кои со триумф исто така би биле дел од европскиот крем наредната сезона.

Во утринските часови менаџерот Унаи Емери и неговите фудбалери меѓу кои и нашиот Илиев отпатуваа за Азербејџан за нивниот најголем и најважен натпревар оваа сезона.

Секако главни ѕвезди во тимот се Месут Озил, Гранит Џака и Дени Велбек меѓу кои секако и се врти играта на теренот, а се очекува така да биде и во Баку.

Дени Илиев кој повторно се најде во списокот на селекторот Игор Ангеловски за наредните два квалификациски меча за ЕП 2020 се огласи кратко и јасно на својот фејсбук профил: Баку, доаѓаме!

Исто така во текот на изминатиот период се шпекулираше дека Илиев наскоро ќе го напушти клубот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот