Бактерија која може да биде причина за појава на рак на желудник

profimedia

Хеликобактеријата е позната како „болест на валкани раце”, бидејќи е најраспространета во социјално-економски неразвиените краеви на светот.

Хеликобактеријата се карактеризира со спирален облик со неколку ресички на едниот крај со помош на кои лесно се врти. И одговара кисела средина. Па, освен во слузницата на желудникот, може да се најде и во забните наслаги, раните во усната празнина, плунката и столицата.

Хеликобактеријата е позната како „болест на валкани раце”, бидејќи е најраспространета во социјално-економски неразвиените краеви на светот, каде што се нехигиенски условите за живот, додека бројот на инфицирани во западните, развиени земји е значајно помал-се движи измеѓу 20 и 50 %.

Ова важи и за луѓето кои имаат генетска предиспозиција за добивање на рак на желудник, бидејќи истражувачите кажуваат дека пациентите заразени со хеликобактерија имаат поголем ризик од заболување од рак.

Резултатите од овие студии објавени се во медицинското списание „New England Journal of Medecine”.

Во истражувањето учествувале 1.700 луѓе кај кои со помош на два антибиотика и лек кој го блокира создавањето на киселина се обиделе да го намалат ризикот од рак и тоа многу успешно на 55%.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот