Баксузот на ВМРО-ДПМНЕ

Џабир Дерала / Фото: СП. архива

Контрапротестот го организираа и водеа познатите ликови, најголем дел од нив со обвиненија и истраги за тешки криминали. Три прста, национализам, вергини, Заев, Заев, па Заев, во долгиот и здодевен говор на Мицкоски, мрачна атмосфера, посетеност, според проценките, помала од онаа на СДСМ…

Ден по контрапротестот на ВМРО-ДПМНЕ, се сведуваат математиките. Контрапротестот, уште пред да започне, падна во длабока сенка на коронавирусот, па луѓето повеќе се занимаваа со реалните проблеми, со фактите и, се разбира, лажните вести и паниката од вирусот. Но, настанот во кој партијата со осуммилионски долг во евра, вложи напори да не помине сосема незабележано. Тоа не им успеа. Веќе никој не зборува за криковите на Мицкоски од партиската говорница.

Социјалните мрежи, како и секогаш се фронтот каде што првата жртва се секогаш фактите, а пропагандата и говорот на омразата се главните оружја на армиите од партиски ботови. На почетокот на протестот, како што забележаа камерите, банерот на кој беше главната порака „Заев е виновен“ беше наопаку. Тој баксуз на организаторите ја запечати судбината на контрапротестот.

Откако открија дека со банерот нешто не чини, го в’теа, го в’теа, со помош на „новинарите“ на „Инфомакс“, па го наместија и тргнаа од пред Јавното обвинителство. Општа смеа завладеа по социјалните мрежи, а најкоментиран дел од настанот на ВМРО-ДПМНЕ беше нивниот банер и нивната писменост, за време и по настанот, како и на маргините од интересот, еден ден потоа.

Контрапротестот го организираа и водеа познатите ликови, најголем дел од нив со обвиненија и истраги за тешки криминали. Изгледа дека ВМРО-ДПМНЕ е светски рекордер според бројот на судски предмети отворени против нејзините челници. Другите аспекти на прошетката на партијата на Груевски не се ни оддалеку рекордни.

Што се однесува до војната со математиките и пораките, видовме уште еден настан, типичен за партијата на Груевски. Три прста, национализам, вергини, Заев, Заев, па Заев, во долгиот и здодевен говор на Мицкоски, мрачна атмосфера, посетеност, според проценките, помала од онаа на СДСМ…

Се разбира, ништо ни од повикот на Мицкоски до сите заедници. Имавме уште еден националистички, типично вмровски настан. Што се гледа и од извонредно засилениот говор на омраза на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот