Бајрами: Уште пред да бидат обвинети, Јанкуловска ги „осудила“ приведените за „Монструм“

Фото: МИА

Сегашниот обвинител Џелал Бајрами, кој во време која се случи масакрот кај Смилковско Езеро беше заменик-министер за внатрешни работи, на денешното сведочење во процесот „Монструм“ нагласи дека на прес-конференцијата за јавноста во врска со петкратното убиство тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, излегла со информации надвор од договореното и ги обвинила и осудила приведените.

– Беше договорено дека полицијата имала акција и извршила претрес на повеќе локации во и надвор од Скопје и дека има индиција дека лицата кои се приведени се можни сторители, но надвор од сето тоа што беше концепт, Јанкулоска ги осуди приведените. Потоа следуваше тензична ситуација. Ѝ реков на министерката дека ние не сме орган да утврдува кој е сторителот на тоа кривично дело, туку дека тоа е судот – рече Бајрами.

На прашањето на обвинителката Фатиме Фетаи дали заменик министерот може да го информира политичка партија, Бајрами рече:

„Секако дека немам таква обврска. Сме имале со лидерот на ДУИ само неформални разговори за истрагата“.

За следното рочиште кое е закажано за 27 овој месец ќе сведочат Сашо Мијалков, Синиша Алексовски, Блерим Беџети, Муса Џафери и Зоран Трајковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот