Бајката во Јувентус пред крај: Пирло пред отказ, добро познато име се враќа на клупата?!

Андреа Пирло миатата сезона седеше на клупата на Јувентус/ фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Управата на „Старата дама“ по слабиот старт на сезоната се поинтензивно размислува да се раздели со тренерот дебитант Андреа Пирло.

Изминатото лето Јувентус ја шокираше јавноста кога му врачи отказ на тренерот Маурицио Сари и го замени со клупската легенда која е тренер-дебитант, Андреа Пирло.

Стравовите дека Пирло сè уште не е искусен за да води екипа каква што е Јувентус иако беше неверојатен фудбалер, се остварија и „старата дама“ на почетокот од сезоната бележи лоши резултати во сите натпреварувања.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, управата сè уште му дава поддршка на Пирло, но во исто време и размислува за можните замени доколку продолжат лошите резултати.
Главен фаворит за евентуален наследник на Пирло е поранешниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри кој има одличен однос со претседателот на тимот, Андреа Ањели кој пак одлучи од оваа сезона да им ги намали ингеренциите на директорите Павел Недвед и Фабио Паратичи.

Масимилијано Алегри/EPA-EFE/ANDREA DI MARCO

Алегри со успех го предводеше Јувентус од 2014 до 2019 година, екипата триумфира сите пет сезони во Серија А, но не успеа да го освои трофејот во Лигата на шампионите и токму поради тоа ја заврши епизодата во „старата дама“.

Сезонава Јувентус по пет одиграни кола во Серија има само две победи и три нерешени резултати, од кои два се против аутсајдерите Верона и Кротоне. Во Лигата на шампионите екипата има скор од еден триумф и еден пораз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот