Бајката „Убавицата и ѕверот“ е инспирирана од вистинска приказна: Шпанецот Педро Гонзалес е вистинскиот „ѕвер“ кој се оженил со убава девојка

Фото: Принтскрин / Instagram

Бајката „Убавицата и ѕверот“, како во повеќето случаи, се заснова на вистински случувања, односно тоа е приказна за вистински луѓе чии судбини се многу потресни.

Вистинскиот „ѕвер“ е Шпанецот Педро Гонзалес, роден на Тенерифе во 1537 година, во време кога неговата медицинска состојба сѐ уште не била доволно проучена и објаснета. Тој пател од хипертрихоза, односно зголемена влакнавост. Денес се знае причината и има решение за овој проблем, но тогаш Педро бил познат како „шумски човек“ или „ѕвер“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Looper (@looperhq)


Луѓето од неговата околина верувале дека тој е див човек, средновековно митско суштество кое, според легендите, е активно претежно ноќе, напаѓа луѓе, а понекогаш јаде и живи деца.

Пресврт во животот на Педро настанал кога тој во кафез му бил предаден како подарок за крунисувањето на францускиот крал Анри Валоа, како редок примерок на див човек.

Тоа бил полн погодок, настанал вистински хаос околу кафезот зашто сите присутни сакале да го видат во живо страшниот ѕвер. Потоа Педро бил затворен во дворската зандана и подложен на испитувања од страна на врвни научници и доктори, кои сфатиле дека не се работи за некакво митско суштество, туку за десетгодишно дете што има вишок влакна. Денес хипертрихозата не е толку невообичаена и постојат начини да се држи под контрола, но во Средниот век малку луѓе боледувале од оваа болест, забележани се само околу 50 случаи, а Педро е првиот кој бил познат во јавност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luigi Milosa (@lusiomilosa91)


Бидејќи појавата на Педро била толку уникатна, ја имал честа да стане особено важен пример за бизарност во богатата кралска ризница. Кралот и понатаму го сметал како чудо на природата и вршел експерименти врз него, го праќал кај најдобрите професори, сакал да направи од него вистински господин, па дури и му го сменил името во некое што требало да звучи подостоинствено.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 📍BERLIN (@simplygraybln)

Така бедниот и необразуван Педро пораснал во префинет џентлмен со име Петрус Гонсалвус.
Петрус се покажал како исклучително интелигентен, многу брзо учел, течно зборувал три јазици и набрзо добил многу важна позиција на кралскиот двор.

Кога кралот Анри Валоа починал, неговата сопруга Катарина Медичи решила да го продолжи експериментот, па и да оди малку подалеку – ја интересирало какви ќе бидат децата на дивиот човек. Таа долго време барала жена за таа намена и конечно ја избрала ќерката на еден дворјанин, убава девојка која исто така се викала Катарина.

Кралицата ги известила Катарина и Петрус дека ќе бидат венчани, но ни двајцата не знаеле со кого ќе стапат во брак до самиот ден на венчавката.

Дворските лекари ги шпиунирале првата брачна ноќ, уверени дека Петрус ќе се претвори во некаков ѕвер поради ослободената сексуална тензија, а дискутабилно било и дали Катарина ќе преживее.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DailyArt (@dailyart_official)


Меѓутоа, Катарина се вљубила во Петрус и тие живееле во среќен брак и слога. А потоа следело разочарување за Катарина Медичи – првите два сина на овој пар не ја наследиле хипертрихозата на татко им. Сепак, „за среќа“, следните два сина и три ќерки имале зголемена влакнавост.

Во меѓувреме семејството на Петрус Гонсалвус станало вистинска атракција и сите биле третирани како ѕвезди. Тој бил многу образуван и заедно со семејството патувал низ Европа, сѐ додека не решиле да останат во Шпанија, каде што ги издржувало војводството Парма.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by pizzazzclaek (@pizzazzclark)


За жал, не завршило сѐ како во бајка – петте деца кои имале хипертрихоза морале да бидат подарени на благороднички семејства, како симболични егзотични подароци.

Тоа им ги скршило срцата на Петрус и на Катарина и тие се преселиле да живеат кај езерото Болсена во Италија, каде што ги поминале во мир последните години од животот.

Последно што се знае за Петрус е дека присуствувал на крштевањето на неговиот внук во 1617 година, а наредната година починал. Катарина починала во 1623 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот