Бајката на Ајакс сè уште трае, Јуве и Роналдо на колена (ВИДЕО)

EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Бајката на младите фудбалери на Ајакс сеуште трае, по скалпот на Реал Мадрид во минатото коло, овој пат тие успеаја да го земат и скалпот и на вториот голем фаворит за освојување на ЛШ, Јувентус.

И овој пат идентична слика како со Реал Мадрид, на првиот натпревар Ајакс имаше неповолен резултат (1:1) и во реваншот повторно успеа да направи вистинска сензација и да слави, овој пат во Торино со 2:1.

Голот на одлука беше дело на Матијс Де Лихт во 67. минута.  Претходно во 34. минута Дони ван де Бек го постигна првиот гол за Ајакс, додека голот за Јувентус беше дело на Кристијано Роналдо во 28. минута.

Следен противник на тимот од Амстердам во полуфиналето на ЛШ ќе биде подобриот од утрешниот дуел меѓу Манчестер сити и Тотенхен (0:1).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот