Бајиќ: Седум промашени слободни фрлања, правевме грешки, но ништо не е загубено

Селекторот на кошаркарите Драган Бајиќ/Фото: КФСМ

Драган Бајиќ дебитираше на кормилото на македонската сениорска машка репрезентација со пораз од Швајцарија во првиот натпревар од претквалификациите за СП 2023.

Нашите најдобри кошаркари во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје загубија од швајцарската селекција со резултат 62:67.

– Јас и вчера кажав, на тренингот почувствував некоја нервоза во тимот и поради тоа сметам дека дојдовме до некои грешки во играта. Тоа што вечерва го забележав е дека влеговме во некој огромен грч поради кој останавме без енергија и без сила, а со самото тоа и без концентрација.

Многу промашени зицери, сигурно некои осум-девет лесни поени, седум промашени слободни фрлања што можеби на крајот и беше пресудно кога во вториот дел успеавме да ја намалиме разликата, но и покрај тоа правевме грешки. Не се снаоѓавме добро со нивната одбрана.

Не губиме многу со овој пораз, треба да се анализира натпреварот, да се регенерираме и да се обидеме да ги победиме преостанатите натпревари – кажа селекторот на нашата репрезентација по мечот со Швајцарија.

Следниот дуел ќе го имаме в сабота (14 август) од 19.00 часот против Словачка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот