Бајиќ повика 14 кошаркари за дуелите со Шпанија и Украина

Теодор Симиќ меѓу повиканите за новите мундијалски квалификациски мечеви/ фото: fiba.basketball

Селекторот на македонската машка сениорска репрезентација, Драган Бајиќ, го објавува списокот на играчи на кои ќе смета за следниот ФИБА „прозорец“ од квалификациите за Светскиот Куп во 2023 година.

Со оглед на краткиот временски период до првите квалификациски обврски, односно наредниот натпревар од квалификациите за СК, закажан за 1 јули, кога гостуваме кај репрезентацијата на Шпанија, Бајиќ се определи за еден потесен список од 14 кошаркари.

Првиот собир на сениорите ќе биде на 25 јуни, во салата на А1 Арената „Борис Трајковски“, каде „црвено-жолтите“ ќе се подготвуваат до заминувањето за Сарагоса.

Нашата селекција ќе одигра уште еден меч во јунскиот квалификациски циклус, на 4 јули, во А1 Арената „Борис Трајковски“ во Скопје, од 18.00 часот против Украина.

Список на повикани играчи –

Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром
Адем Мекиќ – МЗТ Скопје Аеродром
Кристијан Николов – МЗТ Скопје Аеродром
Дамјан Робев – МЗТ Скопје Аеродром
Стојан Ѓуроски – Пелистер
Андреј Маслинко – ТФТ
Страхил Николов – ТФТ
Виктор Ташовски – ТФТ
Виктор Ефремовски – Гостивар
Валмир Какруки – Работнички
Теодор Симиќ – Барселона-Шпанија
Андреј Јакимовски – Вашингтон Стејт (НЦАА-САД)
Рубин Стефанов – Италија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот