Бајден загрижен за состојбата на белоруската граница

Џо Бајден
Џо Бајден / Фото EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

САД се загрижени поради ситуацијата на полско-белоруската граница каде илјадници мигранти се обидуваат да влезат во Европската унија, пренесува ТАС.

„Мислам дека тоа е многу загрижувачки“, рече американскиот претседател Џо Бајден во петокот.

„Ги пренесовме нашите грижи до Русија и ги пренесовме до Белорусија“, им рече Бајден на новинарите во градината на Белата куќа.

Москва е главниот сојузник на долгогодишниот белоруски претседател Александар Лукашенко.

ЕУ го обвинува Лукашенко дека намерно го поттикнува приливот на мигранти по воздушен пат во Минск, а потоа ги испраќа под надзор на границите со Полска, Литванија и Латвија, каде илјадници сега се заглавени во тешки услови.

Како одговор, трите земји значително ја зголемија безбедноста на своите граници.

Жесток спор меѓу Минск и Брисел трае по спорните избори во Белорусија во 2020 година и насилното задушување на протестите од страна на Лукашенко.

Оттогаш, Европската унија одбива да го признае како легитимен лидер и воведе санкции.

ЕУ подготвува нови санкции кои би можеле да бидат воведени следната недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот