Бајден: Задоволен сум од резултатот на изборите

ФОТО - Џо Бајден

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека е „неверојатно задоволен” од исходот на американските избори откако демократите ја задржаа контролата врз Сенатот.

Говорејќи пред новинарите во Камбоџа во пресрет на самитот во Источна Азија, Бајден рече дека исходот од изборите го одразува квалитетот на кандидатите од неговата партија, откако предвиде дека сенаторката Кетрин Кортез Масто ќе победи на реизборот во Невада, каде што тесно го победи републиканскиот противкандидат Адам Лаксалт.

Победата на демократите во вториот круг од изборите во Џорџија следниот месец ќе ѝ даде на партијата мнозинство во Сенатот во однос 51:49, додека загубата сепак ќе ги задржи демократите на чело на  Сенатот со 50:50, бидејќи демократската потпретседателка Камала Харис има одлучувачки глас во случај на изедначено гласање.

„Сега сме фокусирани на Џорџија. Задоволни сме. И не сум изненаден од исходот. Неверојатно сум задоволен. И мислам дека тоа е одраз на квалитетот на нашите кандидати”, рече Бајден

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот