Бајден за Трамп: Заради неговите погрешни потези сега страдаат многу Американци

Ден откако американскиот претседател Доналд Трамп и бившиот потпретседател Џо Бајден имаа „пријателски“ телефонски разговор за коронавирусот, претседателскиот кандидат на демократите го нападна начинот на кој Трамп реагираше на пандемијата.

„Доналд Трамп не е виновен за коронавирусот. Но, одговорен е за нашиот одговор и своите должности мора да ги прави сериозно“, рече Бајден.

„Заради неговите погрешни потези и одлагања, многу Американци страдаат“, додаде тој.

Претседателот би требал да ги искористи овластувањата кои му го дава сојузниот закон за да обезбеди производство на заштитна опрема за здравствените работници, да понуди здравствено осигурување на оние кои останале без него и да ги координира напорите на сојузните држави, прецизираше Бајден.

САД би требало да го координираат глобалниот одговор на оваа невидена јавноздравствена криза, како и на долгорочните последици, рекол тој.

„Трамп сака да е воен претседател. Тогаш нека почне така да се однесува“, нагласи Бајден.

Ден претходно, Бајден и Трамп разговарале преку телефон за Ковид-19, болеста од која умреле 12.000 Американци.

Тие се договориле дека нема да ги објавуваат деталите од разговорот, но двете страни го оценија пријателски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот