Бајден за отповикувањето на Трамп: Јас не верувам дека тоа ќе се случи

Претседателот на САД, Џо Бајден изјави дека не верува дека во Сенатот ќе има доволно гласови за отповикување на неговиот претходник Доналд Трамп, пренесува Анадолија.

Бајден во интервју за Си-Ен-Ен изјавил дека за импичмент на Трамп во Сенатот треба да гласаат сите 50 сенатори од редовите на Демократската партија и уште најмалку 17 сенатори од редовите на Републиканската партија.

„Јас не верувам дека тоа ќе се случи“, рекол Бајден.

Сенатот го прими барањето за отповикување на Трамп заради нередите кои на 6 јануари се случија кога неговите поддржувачи упаднаа во зградата на Конгресот. Во нередите животот го изгубија најмалку пет лица.

Претставничкиот дом на Конгресот на 14 јануари го изгласа отповикувањето на Трамп, кој се товари за предизвикување побуни, а во продолжување на процесот ќе се изјасни и Сенатот.

Судењето на Трамп во Сенатот би требало да започне на 8 февруари, а за отповикување потребно двотретинско мнозинство во Сенатот.

Извор: Анадолија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот