Бајден за новите санкции за Куба: Ова е само почеток

Џо Бајден / EPA-EFE/OLIVIER HOSLET / POOL

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека новите санкции против Куба, како знак на протест против „сузбивањето” на неодамнешните протести во таа островска држава, се „само почеток”.

„САД ќе продолжат да ги санкционираат одговорните за угнетувањето на кубанскиот народ”, рече Бајден, кој ги осуди апсењата во Куба и „лажните судења” на оние кои се осмелуваат да зборуваат.

Претходно, американската министерка за финансии Џенет Јелен изјави дека се воведени санкции против кубанскиот министер за одбрана Алваро Лопез Миера и специјалната единица на Министерството за внатрешни работи поради неодамнешните репресии на протестите во Куба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот