Бајден во Пенсилванија го промовира „Планот за спас на Америка” за економска помош во висина од 1.9 трилиони долари.

epaselect epa09070499 US President Joe Biden delivers remarks on the American Rescue Plan from the Rose Garden of the White House in Washington DC, USA, 12 March 2021. President Biden signed the massive 1.9 trillion US dollars (1.589 trilllion euro) coronavirus relief package into law on 11 March. EPA-EFE/JIM LO SCALZO / POOL

Американскиот претседател, Џо Бајден, денеска е во Пенсилванија на првите средби од турнејата за промоција на таканаречениот „План за спас на Америка”, пакет од економска помош во висина од 1.9 трилиони долари. 

Бајден, неговиот потпретседател Камала Харис, првата дама Џил Бајден и претставници на администрацијата неделава посетуваат низа клучни сојузни држави и ќе настапат на локални телевизии за промоција на мерките за помош на економијата ослабена од последиците на пандемијата. 

Претседателот денеска се среќава со претставници на малиот бизнис во округот Делавер, Пенсилванија, каде тој победи на изборите во ноември. Во петок, тој и Харис ќе ја посетат Џорџија, уште една клучна држава каде Бајден извојува победа над Трамп. 

Потпретседателката, пак, ќе оди во западниот дел на земјата. 

Усвоениот пакет економска помош е победа на демократите во Конгресот, кои се мнозинство, наспроти противењето на републиканците, кои сметаат дека издвоените пари се премногу и дека пакетот вклучува мерки неповрзани со пандемијата. 

Економскиот советник во Белата куќа, Џаред Бернстајн, за Си-Ен-Ен укажа дека висината на пакетот е оправдана и дека мерките ќе помогнат економијата да излезе од кругот падови и подеми што се менуваа од почетокот на пандемијата кога земјата воведе мерки за карантин. 

Пакетот предвидува директни исплати во висина од 1.400 долари за мнозинство Американци (оние со годишна плата помала од 75.000 долари), сојузна помош за државите и локалните власти во висина од 350 милијарди долари, помош за малите бизниси, железницата, рестораните и авиопревозниците, 110 милијарди долари за месечни исплати на детски додаток (детски даночен кредит за родителите) и повеќе пари за програмата за вакцинација. 

Бајден синоќа изјави дека во следните 10 денови, администрацијата има намера да постигне две важни цели: 100 милиони вакцини и 100 милиони директни исплати за населението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот