Бајден во дилема за директор на ЦИА: Том Донилон или Мајкл Морел?

Џозеф Бајден /Фото: EPA-EFE/Morry Gash / POOL

Новоизбраниот демократски претседател на САД, Џо Бајден размислува за назначување на Том Донилон, дипломатски ветеран и советник за национална безбедност на поранешниот претседател Барак Обама, за директор на ЦИА.

Позицијата на ЦИА може да биде едно од најпредизвикувачките прашања во администрацијата на Бајден по четирите години на републиканскиот претседател Доналд Трамп кој ја обвинуваше Агенцијата дека е дел од заговор на „длабоката држава” за поткопување на неговата власт.

Бајден, кој ќе ја преземе должноста на 20 јануари, исто така размислува за назначување на Мајкл Морел, кој беше заменик-директор и привремен директор на ЦИА во времето на Обама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот