Бајден вети одлучна борба против тргувањето со наркотици

Фото: EPA-EFE/PETER KLAUNZER

Претседателот на САД, Џо Бајден синоќа изјави дека Администрацијата ќе продолжи со борбата против опасни дроги кои илегално се криумчарени во САД преку Мексико и решавање на кризата со опиоди.

Здравствената криза во Америка е поттикната од синтетичките лекарства против болка наречени и опиоди, една од најсилните форми на вакви лекарства е фентанилот, кој се смета дека е 50 до 100 пати посилен од хероинот.  

Фентанилот во САД легални и криумчарен, е од кинеско производство и затоа Бајден рече дека ќе ја „соочува Кина” околу ова прашање. 

За време на средба со граѓаните во Синсинати, организирана од Си-Ен-Ен, тој изјави дека неговата Администрација значително го зголемилa бројот на вработени во Одделот за правда,  каде се работи на проблемот со наркотици и опиоди.

Смртноста од предозирање во САД лани се зголемила до 91.331 лице, се дознава од податоците на државните Центри за спречување на заболувањата. Опиодите и фентанилот се нејголемите причинители.  

Поранешни советници за национална безбедност на САД минатат недела потпишаа писмо до претседателот да прокламира дека фентанилот е оружје за  масовно уништување.

Во меѓувреме, сојузните држави најавија склучување зделка со фармацевтот „Џонсон и Џонсон” и три други дистрибутери на опиоди во виснба од 26 милијарди долари за оштета на илјадници тужители настрадани од епидемијата со опиоди во САД во изминативе две децении.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот