Бајден вечерва ќе има видео средба со лидерите на ЕУ за Украина

Џо Бајден
Џо Бајден / Фото: EPA-EFE/Oliver Contreras / POOL

Американскиот претседател Џо Бајден доцна вечерва ќе има видео средба со неколку лидери на Европската унија (ЕУ) за ситуацијата во Украина, соопшти Белата куќа, откако станаа видливи несогласувањата меѓу САД и нејзината европска сојузници.

Американскиот претседател ќе разговара со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, британскиот премиер Борис Џонсон и полскиот претседател Анджеј Дуда.

Видео средбата ќе се одржи во кризната соба во Белата куќа.

„Видео состанокот е дел од нашата размена и тесна координација со нашите сојузници и трансатлантските партнери како одговор на руското воено засилување на украинската граница”, соопшти Белата куќа.

Француските медиуми пренесуваат дека ставот на Вашингтон и Европејците за Украина се чини дека не е усогласен.

САД сега споменуваат можна инвазија на Украина „во секое време” и најавија повлекување на дел од персоналот од нивната амбасада во Киев. Обединетото Кралство и Австралија го направија истото.

Некои европски лидери бараат објаснувања за тоа што тие го сметаат за „можна прекумерна драматизација” на САД.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот