Бајден: Трамп ја користи американската војска против Американците

Џо Бајден

„Тој фрли солзавец кон мирни демонстранти и испука гумени куршуми. За фотографија”, напиша Бајден.

Демократите во САД ги осудија заканите на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе испрати војска во градовите и државите за да запрат насилните протести.

Поранешната државна секретарка и кандидат на претседателските избори во 2016 година, Хилари Клинтон, оцени дека станува збор за „застрашувачка употреба на претседателската моќ”.

„Претседателот на САД и нареди на американската армија да употреби солзавец и да пука со гумени куршуми кон мирните демонстранти, како што можев да видам. Тоа е застрашувачка употреба на претседателската моќ против сопствените граѓани. За неа нема место никаде, а не пак во Америка”, напиша Клинтон на Твитер.

Поранешниот американски потпретседател и можен демократски кандидат на претседателските избори, Џо Бајден, оцени дека Трамп ја користи американската армија против Американците.

„Тој фрли солзавец кон мирни демонстранти и испука гумени куршуми. За фотографија”, напиша Бајден.

Демократскиот сенатор Камала Харис го нарече Трамп диктатор.

„Ова не се зборови на Претседател. Ова се зборови на диктатор”, напиша таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот