Бајден: Тешко да ги повлечеме војниците од Авганистан до 1 мај, но нема да останеме долго, ќе заминеме

Фото: EPA-EFE/OLIVER CONTRERAS / POOL

Американската администрација ќе се соочи со проблеми при повлекување на американските војници од Авганистан до 1 мај, но не планира да ги остави во земјата до следната година, изјави американскиот претседател Џо Бајден за време на неговата прва официјална прес-конференција по стапувањето на функцијата.

Според него, „ќе биде тешко да се испочитува крајниот рок од 1 мај”. Како што објасни американскиот лидер, ќе биде тешко да се повлечат војниците во овие услови поради „тактички размислувања”. Тој рече дека САД се консултираат со своите сојузници „како да се постапи понатаму”.

– Нема да останеме долго. Ќе заминеме. Прашањето е само кога ќе заминеме, истакна Бајден.

Запрашан за можноста американските трупи да останат во Авганистан до следната година, претседателот одговори дека „не може да замисли тоа да се случи”.

На 29 февруари 2020 година, поранешната американска администрација и талибанците потпишаа мировен договор во Доха. САД, нивните сојузници и коалицијата ветија дека ќе ги повлечат сите војници од Авганистан во рок од 14 месеци.

Талибанците гарантираа дека нема да ја користат авганистанската територија за активности кои претставуваат закана за безбедноста на САД и нивните сојузници. Според договорите со талибанците, американските сили треба да го напуштат Авганистан до 1 мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот