Бајден: Сто милиони вакцини во првите 100 дена од мандатот

Џо Бајден / 29 септември 2020 / Фото: EPA-EFE/Morry Gash / POOL

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден го претстави тимот за борба против пандемијата и порача дека ќе биде потребна масовна дистрибуција на вакцини за остварување на неговата цел за 100 милиони вакцини во првите 100 дена од мандатот, пренесува „Ројтерс“.

Бајден на брифинг во Вилмингтон порача дека му е потребен Конгрес за комплетно финансирање на дистрибуцијата на вакцини во сите делови на САД.

– Национален приоритет во првите 100 дена од мандатот ќе биде враќање на децата во училиштата. Во првите 100 дена можеже да го промениме текот на пандемијата и животот во Америка на подобро, нагласи Бајден.

Тој потенцира дека пандемијата нема да биде завршена во споменатиот рок и дека е невозможно да се постигне такво нешто за така кратко време, но дека е можно да се оствари значителен напредок што ќе го смени текот на пандемијата.

Во неговиот тим кој ќе биде задолжен за управување со пандемијата ќе бидат државниот тужител на Калифорнија, Хавиер Бесера, кому ќе биде доверен Секретаријатот за здравство и социјални услуги додека на чело на центрите за контрола и превенција на болести ќе биде Рошел Валенски, началничка на одделението за инфективни болести при Општата болница „Масачусетс“ во Бостон.

Главен советник за пандемија на Бајден ќе биде Ентони Фаучи, директор на националниот Институт за алергии и инфективни болести, а Вивек Мурти, прв човек на јавното здравство во администрацијата на Обама, ќе се врати на таа функција.

Некогашниот економски советник на Белата куќа и член на администрацијата на Обама, Џефри Зинц ќе го надгледува одговорот на пандемијата, вклучувајќи и стотина милиони дози на вакцината во соработка со федералните агенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот