-1.3 C
Скопје

Бајден со предупредување за Британија: Северна Ирска не смее да биде жртва на Брегзит

Кандидатот за претседател на САД на демократите Џо Бајден ја предупреди Велика Британија дека мора да го почитува мировниот договор во Северна Ирска при излезот од Европската унија или во спротивно нема да има договор за трговија со САД.

– Не можеме да дозволиме договорот на Велики петок, што донесе мир во Северна Ирска, да стане жртва на Брегзит, напиша Бајден на Твитер.

– Секој трговски договор меѓу САД и Велика Британија мора да биде условен со почитување на договорот и спречување на враќање на тврдата граница. Точка, напиша Бајден.

Британскиот премиер Борис Џонсон презентираше законодавство со кое би се разбиле делови од договорот за Брегзит кои се однесуваат на Северна Ирска, обвинувајќи ја ЕУ за ставање пиштол на маса во трговските преговори и обид за поделба на Обединетото Кралство.

Прочитајте и...  Со новиот концепт за основното образование, нема  да има плус предмети

Британскиот премиер тврди дека Велика Британија мора да има можност да прекрши делови од договорот за Брегзит од 2020 година кој го потпиша за да ги поддржи обврските на Лондон според Мировниот договор на Велики петок од 1998 година, со кој се стави крај на тридецениското насилство во Северна Ирска меѓу про-британските протестантски унионисти и ирските католички националисти.

ЕУ наведува дека секое прекршување на договорот за Брегзит може да ги потопи трговските преговори и со тоа да ја комплицира границата помеѓу Северна Ирска, која е дел од Велика Британија и Ирска, која е членка на ЕУ.

Поврзани вести

Убил рецепционер заради Гучи ранец, го чека доживотен затвор

И.И.

ВИДЕО+ФОТО: Напаѓачот кој усмрти пет лица во Германија бил пијан и се лекувал од ментална болест

Слободен печат

Д-р Стевановиќ: Превентивното земање на антибиотици дефинитивно не е оправдано

Слободен печат

ВИДЕО | Бајден се обрати на милиони Американци: Помошта пристигнува

Слободен печат

Вашингтон пост: Трамп стана параноичен, колабира системот зад вратите на Белата куќа

И.И.

Д-р Стефановиќ: Гледаме пациенти кои се добро следени и лекувани по осум недели и на крај сме ја изгубиле битката за секунда

Слободен печат

Остави Коментар