Бајден со остри критики до Трамп: Неговото лажно мажествено однесување чинеше човечки животи (ФОТО)

Претседателскиот кандидат на американските демократи Џо Бајден изјавил дека носењето на маски во јавноста за спречување на ширењето на коронавирусот покажува лидерство и воедно го нарекол „будала“ својот републикански ривал и актуелен претседател на САД, Доналд Трамп заради тоа што го прави спротивното.

Бајден за време на пандемијата останал во својот дом во Делавер и ја замрзнал претседателската кампања. На Денот на сеќавање тој за прв пат од март се појавил во јавноста носејќи црна маска, наведува Ројтерс.

Фото: Профимедиа

Тоа го привлекло вниманието на Трамп кој на Твитер ја објави фотографијата на Бајден со коментар: „Ова би можело да помогне да објасни зошто Трамп не сака да носи маска во јавност“.

Трамп и понатаму на јавни манифестации одбива да носи заштитна маска.

– Тој е будала, потполна будала, што така збори. Тој би требал со своето лидерство да даде пример. Дури и врвните светски лекари велат дека би требало да се носи маска во гужва, рекол Бајден за Си-Ен-Ен.

Тој однесувањето на Трамп го окарактеризирал како „мачо глупости“, а таквата пракса „лажно мажествено“ однесување кое ги чини луѓето животи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот