Бајден смета дека севернокорејските ракети не се провокација кон САД

epa09092583 TV screens show news broadcast at the Yongsan electronics market in Seoul, South Korea, 24 March 2021. US President Joe Biden's administration officials on 23 March reportedly confirmed on condition of anonymity that North Korea fired short-range missiles last weekend, just two days after Kim Jong-un?s sister had threatened South Korea and the United States for conducting joint military exercises. EPA-EFE/JEON HEON-KYUN

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека лансирањето на двете ракети со краток досег од Северна Кореја не ги смета за провокација кон неговата земја.

Пентагон, според него, оценил дека станува збор за „редовна ситуација”.

Би-Би-Си наведува дека овие севернокорејски ракетни тестирања, се изведени за време на викендот, по завршувањето на заедничките воени маневри на САД и Јужна Кореја и во екот на напорите на Вашингтон да воспостави официјален контакт со Пјонгјанг.

Дводневните ракетни тестирања ги потврдија официјалните лица на САД и Јужна Кореја, кои прецизираа дека „од Ончон биле истрелани две крстосувачки ракети во Жолто Море”.

-Научивме дека ништо не се сменило. Нема ништо ново во нивните постапки, рече претседателот Бајден.

Резолуциите на Советот за безбедност на ОН, кои резултираа со санкции против Пјонгјанг, забрануваат боеви тестирања со балистички ракети.

Би- Би-Си додава дека Северна Кореја потврдила дека се лансирани две, но небалистички ракети, нагласувајќи дека со овие тестови не е прекршена ниту една резолуција на Советот за безбедност на ОН.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот