Бајден: Сенатот не може да го избегне филибастерот и да го заштити правото на абортус

Џо Бајден / 1 јули 2022 / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Американскиот претседател Џо Бајден во петокот пред група демократски гувернери изјави дека нема доволно гласови во Сенатот за да се избегне филибастерот (тактика на опструкција) за заштита на правото на абортус по одлуката на Врховниот суд.

Бајден го повика Сенатот да се ослободи од филибастерот – супермнозинство за кое е потребна поддршка од 60 од 100 сенатори за да се донесе закон, односно пресудата од 1973 година да стане закон.

Тој помина 36 години во Сенатот и го поддржа филибастерот, но сега сè повеќе настојува да го промени, бидејќи републиканците веќе блокираа неколку негови главни иницијативи, вклучувајќи го и предлог законот за гласачките права.

Бајден е уверен дека некои американски држави ќе се обидат да уапсат жени поради преминување на државните граници за да направат абортус, откако Врховниот суд го укина уставното право за абортус во целата земја.

Тринаесет држави предводени од републиканците го забранија или строго го ограничија абортусот по одлуката на Уставниот суд. Жените во оние држави кои сакаат абортус можеби ќе треба да патуваат во држави каде што е сè уште легален.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот