1 C
Скопје

Бајден се слушна и со Столтенберг: САД остануваат посветени на колективна одбрана и на зајакнување на трансатлантската безбедност

Американскиот претседател Џо Бајден денеска телефонски разговараше со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, при што се осврнаа на односите со Русија и со Ирак, како и за ситуацијата во Авганистан, соопшти Белата куќа.

– Претседателот Џо Бајден денеска разговараше со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Бајден му се заблагодари на Столтенберг за неговото кредибилно лидерство во Алијансата и ја објави својата намера да се консултира и да работи со сојузниците на НАТО за целиот спектар на заеднички безбедносни прашања, се вели во соопштението.

Бајден ја потврди посветеноста на САД за колективна одбрана, согласно членот 5 од Северноатлантскиот договор, и за зајакнување на трансатлантската безбедност.

– Претседателот на САД, исто така, ја потенцира важноста на споделените вредности, консултации и можности за зајакнување на ограничувањата и одговорот на новите закани, вклучувајќи ги и климатските промени и глобалната здравствена безбедност, соопшти Белата куќа.

Прочитајте и...  Фрчкоски нема да биде наш амбасадор во САД?

Генералниот секретар на НАТО и американскиот претседател се согласија да работат заедно околу подготовка за самитот на Алијансата во 2021 година, соопшти прес-службата на НАТО.

Столтенберг му честиташе на Бајден за стапувањето на претседателската функција, што според него е „јасна демонстрација на моќта на демократијата во САД”. Тој додаде дека доаѓањето на нов претседател на САД „отвора ново поглавје во историјата на трансатлантскиот сојуз”.

Поврзани вести

Стартува кампањата за пописот под слоганот „Тука живеам, одлучувам, постојам”

Слободен печат

Хант: ЕК да ја преиспита одлуката за блокада на извозот на вакцини за Австралија

Слободен печат

За овој месец најавен старт на имунизацијата на населението: Вакцините на „Фајзер“ треба да стигнат во првиот квартал од оваа година

Слободен печат

Каналот на Трамп на Јутјуб ќе биде дозволен штом се намали ризикот од насилство

Слободен печат

Истражување во САД: За повеќето Американци, Кина е непријател или конкурент

Слободен печат

ПЕЦ: Досега починаа 840 новинари во светот од ковид-19

Слободен печат

Остави Коментар