Бајден се обрати до нацијата: Немав намера да ја продолжам бескрајната војна

Џозеф Бајден / Фото: ЕПА

Американскиот претседател Џо Бајден денес се обрати до нацијата по повод крајот на војната во Авганистан. Тој го бранеше хаотичното повлекување од Кабул ден откако американските авиони ја напуштија оваа земја.

Со тоа заврши најдолгата американска војна, која траеше 20 години.

Бајден бранејќи ја својата одлука која предизвика обвинувања на негова сметка, рече дека морал да одбира меѓу заминување и ескалација, а повлекувањето на трупите според него била единствената можна опција.

-Немав намера да ја продолжам оваа бескрајна војна, а не сакав ни повлекувањето да трае вечно, рече Бајден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот