Бајден се надева на традиционална инаугурација, иако се очекува таа да биде виртуелна

Џо Бајден / 29 септември 2020 / Фото: EPA-EFE/Morry Gash / POOL

Инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден ќе се одржи на 20 јануари, но иако се очекува таа да биде главно виртуелна, тој и понатаму се надева дека церемонијата ќе се спроведе традиционално, на скалите на Капитол Хил.

Не е планирано одржување на најпосетената парада низ авенијата Пенсилванија во чест на идниот претседател и нема да има ниту свеченост или мали прослави на кои присуствуваат гости од списокот А на инаугурацијата, пишува британски Индипендент.

Наместо тоа, новоизбраниот шеф на државата соработува со организаторите на виртуелниот спектакл на демократската национална конвенција, одржана во октомври минатата година.

Ваква инаугурација е резултат на пандемијата на коронавирусот, имајќи предвид дека Бајден се определи за виртуелни настани со цел да се спречи ширењето на Ковид-19.

Зборувајќи за плановите за инаугурација, Бајден истакна дека постојат голем број виртуелни настани, на кои присуствуваат дури и повеќе луѓе отколку вообичаено.

Бидејќи инаугурацијата се смета за посебен настан за националната безбедност, таа ќе биде организирана на највисоко безбедно ниво во соработка со ФБИ и други сојузни разузнавачки агенции.

Додека Бајден продолжува со планирање на својата инаугурација, некои извештаи наведуваат дека Трамп планира истовремено да одржи свој спектакл, потенцијално започнувајќи „кампања пред кампања” за следните избори во 2024 година, пишува британскиот весник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот