Бајден сака да подари вакцини за Северна Кореја: „Вакционална дипломатија на дело, се зависи од Пјонгјанг“

Фото: Jung Yeon-je / AFP / Profimedia

Американската администрација смета дека Северна Кореја нема да биде подготвена да разговара со Соединетите Држави сè додека не се отстрани заканата од пандемија, што е една од причините за дистрибуцијата на вакцините, потег кој може да предизвика дипломатски разговори.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден е подготвена да дистрибуира вакцини против ковид и друга медицинска помош за Северна Кореја во борбата против пандемијата, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на два анонимни извори кои се запознати со ова прашање.

Американската администрација смета дека Северна Кореја нема да биде подготвена да разговара со Соединетите Држави сè додека не се отстрани заканата од пандемија, што е една од причините за дистрибуцијата на вакцините, потег кој може да предизвика дипломатски разговори.

Сепак, некои експерти и други официјални лица се скептични дека каква било хуманитарна помош би ја привлекло Северна Кореја на преговарачката маса, со оглед на инсистирањето на земјата за ублажување на санкциите.

– Дипломатијата за вакцинација отвора можност лесно да се надмине овој ќор-сокак, бидејќи администрацијата на Бајден не може да стори многу кога станува збор за укинување на санкциите, па затоа треба да видат какви стимулации можат да и дадат на Северна Кореја. Сè зависи од тоа колку е очаен Пјонгјанг – рече Сју Ми Тери, поранешен севернокорејски аналитичар во ЦИА, а сега висок функционер во Центарот за стратешки и комуникациски студии.

Администрацијата во Вашингтон ги разгледува сите планови за споделување на вакцини и други лекови за ковид-19 со други земји, а Северна Кореја е само дел од тој план.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот