Бајден: САД не бараат конфликт со Русија

Фото: EPA-EFE/OLIVER CONTRERAS / POOL

 Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека САД не бараат конфликт со Русија, но дека ќе одговорат на „силен и суштински начин” доколку руската влада се вклучи во, како што нагласи – штетни активности.

Бајден тоа го изјави по пристигнувањето во Велика Британија, на почетокот на осумдневната турнеја низ Европа. Тој додаде дека Вашингтон ќе ја потврди посветеноста во трансатлантскиот сојуз.

– Не бараме конфликт со Русија. Ние сакаме стабилна и предвидлив однос… но јас бев јасен – САД ќе одговорат на силен и значаен начин ако руската влада се вклучи во штетни активности, изјави американскиот претседател, обраќајќи им се на американските трупи и нивните семејства во воената база Милденхал.

Бајден исто така ќе го посети на југозападот на Велика Британија, Корнвол, каде што се одржува самитот Г7 и каде најверојатно ќе се разговара за вакцинацијата, трговијата и климатските промени.

Американскиот претседател може да се соочи со притисок да стори повеќе за дистрибуција на американската вакцина и снабдување со други земји по првичната заложба од 20 милиони дози објавена минатата недела.

По тридневниот самит на Г7, Бајден и неговата сопруга ќе ја посетат кралицата Елизабета во замокот Виндзор и потоа ќе отпатува за Брисел на разговори со лидерите на НАТО и Европската унија.

Бајден го завршува своето патување во Европа со посета на Женева, каде на 16 јуни ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот