Бајден: Резервите на нафта во САД ќе ги намалат цените на горивата

Џо Бајден
Џо Бајден / Фото EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека ослободувањето на стратешките резерви на нафта од страна на САД и други големи потрошувачи „ќе биде важно” за Американците, кои неодамна беа загрижени поради високите цени на горивата.

– Ќе биде потребно време, но наскоро би требало да видите дека цената на бензинот се намалува, изјави претседателот во своето обраќање пред Белата куќа.

Бајден моментно има низок рејтинг, главно поради драстичниот пораст на цените на горивата и поради инфлацијата.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот