Бајден: Продолжуваме да градиме партнерства со земјите од АСЕАН

Џо Бајден / Фото EPA-EFE/YURI GRIPAS / POOL

Американскиот претседател Џо Бајден порача дека првиот самит во Вашингтон со лидерите на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН) го означил почетокот на „новата ера” во односите меѓу САД и организацијата на 10 азиски земји.

Бајден најави дека ќе го номинира Јоханес Абрахам за американски амбасадор во АСЕАН и дека Вашингтон ќе продолжи да го гради своето партнерство со овој регион.

Дводневниот самит со државите на АСЕАН, кој започна со вечера во Белата куќа во четвртокот, се одржува во пресрет на посетата на Бајден на Јужна Кореја и Јапонија од 20-24 мај, каде е планирана средба со лидерите на земјите од групата КВАД, во која покрај САД влегуваат и Австралија,  Индија и Јапонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот