Бајден: Приватните компании да бараат вакцинација од вработените

Џо Бајден / EPA-EFE/OLIVIER HOSLET / POOL

Американскиот претседател Џо Бајден вчера апелираше до приватните компании да побараат од своите вработени да се вакцинираат против Ковид-19, неколку часа откако Агенцијата за храна и лекови (ФДА) одобри целосна употреба на вакцината  на Фајзер/Бионтек за лица над 16 години.

На брифингот во Белата куќа, Бајден ги повика компаниите „да излезат со барања за вакцини што ќе опфатат милиони луѓе”, објави Ен Би Си Њуз.

– Ако сте сопственик на приватна фирма, непрофитен лидер, државен или локален лидер кој чекал одобрување од ФДУ за да побара вакцинација, ви велам – сега е време да го направите тоа. Барајте вакцинација, истакна Бајден.

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби изјави дека Министерството за одбрана ќе издаде ново упатство за задолжителна вакцинација на припадниците на армијата.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот